Веројатно најскапиот автомобил на светот е златно Ламборџини Авентедор, воочено овие денови на улиците во Париз. Се проценува дека автомобилот вреди околу 4 милиони фунти и дека го вози жител на Саудиска Арабија. Кога минувачите го воочиле, бил паркиран пред хотелот Плаза Атене, во луксузната авенија Монтаињ.
Прилично е забележителна и табличката на која стои бројот 666, а локалните медиуми пишуваат дека автомобилот е во градот веќе неколку дена. Домовите на импресивните суперавтомобили обично се на подрачјето на Блискиот исток. Но, често можат да се воочат и во европските градови за време на летните месеци, кога богатите жители на Катар, Саудиска Арабија, Емиратите и Кувајт доаѓаат на нашиот континент, бидејќи во нивните земји во тој период владеат неподносливи горештини.