Златниот клен што деновиве во водите на Охридското Езеро го улови Душан Сандевски, риболовец од Скопје, може да е внесен, е една од претпоставките на експертите од Хидробиолошкиот институт.
Експертот Зоран Спиркоски, смета дека е можно овој вид клен ако бил донесен во Охридското Езеро било од Македонија било од Албанија,тој уште повеќе да се модифицирал.
„Штета што немавме можност да го прегледаме и проучиме научно и да бидеме посигурни во објаснувањето“ вели за ohridnews, Спиркоски. Ако уловениот примерок е навистина „Leuciscus idus“ тогаш тој ќе биде 9-ти по ред алохтонен–внесен во водите на Охридското Езеро, објаснува Спиркоски.
„Leuciscus idus“
Според Спиркоски не е исклуичена и прептоставката дека можеби се работи за хибридизација по природен или вештачки пат.
Инаку Душан Сандевски по презентирањето на невообичаениот улов, најави дека можеби златниот клен ќе го предаде на испитување во Заводот за рибарство во Скопје , но таква институција како што не информираше Спиркоски од Хидробиолошки институт од Охрид, не постои.
Што улови Душан Сандевски во Охридското Езеро?
Штета што уловениот златен клен не е предаден во рацете на науката со што веројатно ќе се разјаснеа многу од дилемите кои сега отворено се наметнуваат.
Горан Момироски