Со концерт на извонредниот хрватски гитарист и лаутист Един Карамазов, придружуван од Обединетиот европски камерен оркестар, синоќа во предворјето на Св. Софија беше спуштена завесата на 49-то издание на фестивалот Охридско лето.

Иако сеуште не се сублимирани впечатоците од овогодишното издание на Охридско лето, Фестивалската управа веќе размислува за јубилејното издание на престижната културна манифестација. Се најавува дека тоа ќе биде своевидно враќање во историјата на фестивалот, односно ретроспектива на  Охридско лето. Ќе им оддадеме почит на сите кои се вграиле во фестивалот, но ќе има и нови имиња, велат од фестивалската управа која од денеска започнува со подготовките за одбележување на златниот јубилеј.

Фестивалот Охридско лето в година ќе прослави 50 години од постоењето. Концертот на Ана Липша Тофовиќ во катедралната црква Св. Софија, што се одржа на 4-ти август 1961 година ја најави блескавата иднина на фестивалот, кој денеска љубоморно го чува епитетот на најзначајна културна манифестација во земјата.

Во изминатите пет децении на Охридско лето продефилираа плејада врвни светски уметници како Владимир Ружѓак, Мартина Аројо прочуените Светски квартети Џулијард и Голден гејт квартет, легендарните Леонид Коган  и Андра Навара, Мстислав Ростропович, Алдо Чиколини, Камерниот оркестар Жорж Енеску, Симфонискиот радио оркестар на Австриското радио, Хозе Карерас, Енио Мориконе, Борис Березовски, Един Карамазов…и уште плејада врвни македоснки уметници и театарски трупи.

Ohridnews