Со доделувањето на Златните глобуси вечерва во Лос Анџелес ќе биде лансирана сезоната на холивудски филмски награди, а меѓу фаворитите се филмот “Spotlight” и актерот Леонардо ди Каприо. Двете француски копродукции “Mustang” и “Le tout nouveau testament” се номинирани во категоријата најдобар странски филм. Златниот глобус, американска награда која од 1944 година ја доделува Холивудското здружени на странски новинари, е показател кои филмови ќе бидат наградени со престижниот Оскар, чие доделување е на 28 февруари. Филмските аналитичари оценуваат дека историски гледано, Златниот глобус за 75 проценти од филмови ги предвидува добитниците на Оскар.
Оваа година филмот “Spotlight”, за скандалот со педофилија меѓу свештениците, е фаворит за Златен голбус во категоријата најдобар флм. Меѓу фаворитите е и вестернот “The Revenant” со Леонардо ди Карпио, кој глуми ловец кој е оставен од пријателите да умре кога го повредува мечка. Ди Каприо е фаворит за наградата најдобар актер. Меѓу номинираните филмови се и “Room”, како и четвртото продолжение од Лудиот Макс, „(Mad Max: Fury Road)“, со Том Харди и Шарлиз Терон во главните улоги. Неколку номинации доби и филмот “Carol” со Кејт Бланшет во главната улога.