Оној кој ќе нарача златни врвки, не треба да мисли дека тие ќе стигнат во комплет со чевли. Сепак, на вратата од купувачот стигнуваат стигнуваат со посебно обезбедување, а ги носи продавач кој ги вовлекува во патиките или чевлите на купувачот. Компанијата „Мистер Кенеди“ на своите купувачи им нуди врвки од чисто 24-каратно злато.


Луксузните врвки се рачно правени, со посебна техника, а цената им изнесува 19 илјади долари. Во домот на купувачот ги носи некој од компанијата и лично ги вовлекува во чевлите. Сребрената верзија е поефтина и чини 3000 долари. Сопственик на компанијата е Колин Харт, кој компанијата ја нарекол по пронаоѓачот на модерните врвки. Идејата за златни и сребрени врвки ја добил додека работел во Колумбија.