Здравјето значи среќа, а добрите животни одлуки го подобруваат здравјето. Некогаш е навистина тешко да се придржуваме до здравиот начин на живот, но ако барем се трудиме да го правиме тоа 4-5 пати неделно, тоа сигурно ќе вроди со позитивни резултати.
Правило број 1: Умереност
Внимавајте на балансираниот однос на внесување на енергија и нејзино трошење. Тоа значи дека треба да јадете 5 умерени оброци дневно, а појадокот да биде најобилен од нив. Колку сте постари, толку помалку храна треба да внесувате и во текот на денот порано да престанувате со јадење. На пример, луѓето кои имаат 50 години не треба да јадат после 18-19 часот, а децата смеат.
Правило број 2: Движење
Трудете се секој де да се движите минимум половина час – Движете се на начин кој ве прави среќни – танц, одење, екстремен спорт или било што друго. Важно е активноста да ви предизвикува задоволство и чувство на среќа. А, тие 30 минути можат да ви го променат животот. Целото тоа движење не мора да го направите веднаш. Движете се 2 пати дневно по 15 минути или 3 пати по 10 минути. Телото сето тоа го собира, а кумулативниот ефект е исклучително важен. Една од најдобрите вежби за движење е качување по скали.
Правило број 3: Квалитетен сон
Легнувајте пред полноќ – 8 часа спиење дневно е многу добро, за многумина и невозможно, но барем пробајте да се доближите до таа бројка. Се вели дека сѐ што е пред полноќ вреди дупло, што значи пробајте да си легнете порано и ќе ја почувствувате убавината од тоа.
OhridNews
Извор:CrnoBelo