Златната маска, наградата која се доделува за севкупен победник на Илинденската регата трета година по ред останува во Охрид во витрните на ЕК АМАК СП – Бофор .


Златната маска останува во Охрид-Стевчо Ставрев АМАК СП Бофор

Со освоени 6 медали, три златни, едно сребро и две бронзи охриѓани за само еден медал беа поуспешни од софискиот „Јахт клуб“ кој освои три злата, едно сребро и една бронза. Трети во генарален пласман завршија едричичарите на српскиот „Гемакс“.


пак најдобри-едрилишарите на АМАК

На доделувањето на златната маска покровителот на Илинденската регата евроамбасадорот Ерван Фуере обраќајќи се на симпатичен македонски рече дека сите натпреварувачи  се победници и дека  учесниците демонстрирале највисоки стандарди на спортска умешност


сите се победници-Фуере прима подарок едрилица во резба од Шапкар

Генералниот спонзор на клубот АМАК СП – Бофор г. Венко Шапкар не криејќи го задоволството од постигнатиот успех рече: „ Се надевам дека нашиот клуб кој од година во година бележи се подобри резултати еден ден ке испрати едриличар на Олимписките игри“.

Охридското езеро на 39 -та Илинденска регатата го брануваа 105 едриличари од 6 земји. За време на одржувањето на регата организаторот не го послужи времето па од планираните 10 се одржаа само 7 регатни возења . 

Еве ги победниците во класи:

Оптимист Генерално  Тугба Оксуз  –  Гемлик Јелкен клуб (Турција)
Оптимист до 12 г  Петар Стефанов  –  ЦСЈЦ (Бугарија)
Оптимист девојки  Тугба Оксуз  –  Гемлик Јелкен клуб (Турција)
Минитонец   Јованоски – Јанкоски – Балабан  – АМАК СП Бофор (македонија)
Класа 470   Оков – Василев – ЦСЈЦ (Бугарија)
Класа Европа   Заричин Александра – АМАК СП Бофор (македонија)
Ласер 4,7   Марјановиќ Никола – Гемакс (Србија)
Флајниг Јуниор Рахимоски – Нединкоски – АМАК СП Бофор (македонија)
Ласер Радиал   Кнежевиќ Иван – АЈК Белград (Србија)
Ласер Стандард  Кулиќ Иван  – Гемакс (Србија)

Мирко Постоловски