Вредните археолошки пронајдоци од злато и други благородни метали сеуште чекаат да бидат изложени во посебниот музејски простор во куќата на Робевци.

Директорот на Управата за заштита за културното наследство, Паско Кузман, во изјава за националните медиуми дадена деновиве, објаснува дека златото од Охридско ќе биде прикажано пред јавноста тогаш кога тој ќе ги завршел  каталогот и монографијата, на кои работи подолг период.

Друго, се е подготвено и изложбениот простор и витрините, вели Кузман, за импозантната изложба која треба да биде претставена во куќата на Робевци.

На изложбата ексклузивно ќе биде претставена и Златната маска која што археолозите ја пронајдоа во 2002 година во близина на Горна порта.

ohridnews