Од синоќа е целосно комплетирано осветлувањето на Самуиловите тврдини. Акцијата е дел од проектот на ЛК Лихнидос “Охрид – град на светлината”, што трае веќе четири години и со кој досега се осветлени над 30 објекти и атракции во градот.
Ова е несомнено најтешкиот и најобемниот зафат, пред се’ заради габаритот на целиот објект, должината на ѕидовите, непристапниот терен и бујната вегетација. – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на проектот.
Всушност, сега се целосно осветлени само источната и дел од јужната страна, а тоа е една третина од целокупниот комплекс на Самуиловата тврдина.
Би било идеално да најдеме начин и средства за осветлување на целиот централен прстен на тврдината. Ваков капитален објект заслужува да биде видлив од сите страни. A заради вонсериската убавина, нашиот Охрид заслужува ваква златна круна. – потенцираше Проф. Тунтев.
OhridNews
Фото: Петар Паунче Скитник