Во реката Едер во Германија ило пронајдено злато. Златната треска многумина поттикнала, баш како некогаш на Дивиот Запад, да појдат и да ја пробаат среќата во потрагата. Сеуште никој дома не отишол со празни раце. Ентузијастите ги предводи геологот Веит-Ено Хофман кој го проучувал златото полни десет години. Неговата потрага го одвела во Африка, Азија и Северна Америка, а сега се вратил во Германија.


Хофман, кој со својот колега Герхард Стоенебер веќе шест години држи курс за ископување злато, изјавил дека прочитале како во реата имало злато и помислиле дека треба да појдат. Ги купиле потребните садови и тргнале во акција. Ниту Хофман, ниту некој од неговите ученици немаат илузии дека ќе станат богати. Но, како хоби, е убаво дома да се однесе наградата во вид на златна прашина. Во земјата околу реката, како што тврдат експертите, има дури 35 тони злато. Копачите засега успеале да извадат само 50 милиграми, чија пазарна вредност е 20 евра.