Златна рипка која живее во паб во Велика Британија веќе 4 години плива наопаку. Аус плива со стомакот нагоре и гледа надолу поради проблеми со меурот.


Постојаните гости на пабот се шегуваат дека златната рипка сигурно е пијана. Сопственикот на пабот Лим Метју (53) ја купил рипката во 2004 година, а почнала да плива наопаку после 6 месеци.