Работникот Џејк Хју ја забележал златната рипка додека ги чистел филтерите на одводниот канал близу шкотското место East Kilbride. Некој златната рипка ја фрлил во ВЦ школка и пуштил вода. Меѓутоа оваа рипка не се предавала.


Работникот ја одвел во една зграда во близина каде нашол тегла која ја наполнал со вода. Рипката сега живее нов живот и чека сопственик за кој се надева дека нема да ја исфрли во тоалетната школка.