Барбара Вудфорд добила златна рипка како подарок за Божиќ. Кога 61-годишната жена се разбудила, рипката не била во аквариумот. Веднаш помислила на најлошото, но брзала да оди на  работа и не успеала да ја побара рипката. Кога се вратила го поместила плакарот и ја пронашла рипката на подот. Таму поминала повеќе од 13 часа. Ја вратила во садот со вода и не можела да им верува на своите очи.


„Го поместив плакарот и ја видов рипката. Мислев дека е мртва. Но забелеажав дека мрда, па ја зедов и ја ставив во вода. Пливаше како ништо да не било“ – изјавила Барбара.

„Carassius auratus“ позната како златна рипка, е популарен домашен љубимец повеќе од 1.000 години. Најстарата рипка живеела 49 години, а просечно оние во аквариум доживуваат 7 или 8 години.