На 26-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300 – Милтон Манаки”, што се одржа синоќа во Битола, охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец освои Златна плакета за  документарниот филм „Держава Вевчани Карневал“.

Љушев престижната награда ја освои во конкуренција на 53 филмови.

Документарецот го портретира 95 годишниот дедо на Љушев Борис Иваноски Бомбе кој е еден од најстарите василичари во Вевчани, кој раскажува за карневалската традиција.

Сручното жири на фестивалот „Камера 300“ со Златна плакета го награди и стружанецот Петар Узуновски  за идејата за филмот „Жртви на технологијата“.

OhridNews