Охридските ракометари мечевите во Супер лигата ќе ги продолжи во плејаутот, откако во регуларниот дел од националниот шампион завршија на петтата позиција. „Гладијаторите“ извисија во трката, но ги остварија задачите од клупската управата, поставени пред почетокот на сезоната.  Ракометарите на Охрид се водечка екипа на табелата во плејаутот и опстанокот воопшто не е загрозен.

На првиот собир кога се појавивме 4-5 поискусни ракометари ни беше поставена задача да опстанаме во Супер лигата. Можам да кажам дека почнавме од нула, бидејќи релативно Охрид направи нова екипа. Екипата во од се засили со уште неколку ракометари. Коцките се поклопија, атмосферата во екипата беше фантастична, на трибините неверојатна, а цел град зборуваше за ракометот. Затоа можам да ја оценам сезоната во регуларниот дел од Супер лигата како успешна. Затоа што опстанок обезбедивме, а успеавме да им ги замрсиме сметките на екипите кои сигурно се гледаа во плејофот. Еден-два натпревари не делеаја од пласман на плејофот. Ние сме професионалци и продолжуваме понатаму со голема мотивација и пред се` обврска во мечевите од плејаутот. – изјави средниот бек Златко Везенковски.

Тој додаде дека бенефит од учеството во плејаутот покрај шансата за помладите ќе бидат двете пресметки со Струга кои ќе се одиграат во 4-та односно 9-та рунда во Супер лигата.

Освен тие мечеви на другите треба и мора да добиваат шанса помладите ракометари, бидејќи ќе му бидат потребни на клубот сезони кои доаѓаат. Тенката клупа ни беше најголем проблем изминатава сезона, затоа младинци мора да играат повеќе и да се калат. Да имавме чоек плус на мечот со Пролет кој го загубивме во Охрид сигурно ќе бевме во плејофот. За мечевите со Струга не треба да се трошат многу зборови. Двете сали беа преполни, атмосфера неверојатна и мотивација до небо. Љубителите на ракометот ќе уживаат во новите дерби пресметки. – истакна средниот бек.

Везенковски се најде во потесниот избор за најдобар среден бек во регуларниот дел од Супер лигата во изборот кој го прави специјализираната страна за ракомет „24ракомет“.

OhridNews