Две ракавци за голф, една ракавица за велосипед, хулахопки, девет чорапи и пешкир, се само дел од она што го јадел златниот ретривер Бејли со години. Сопственичката го одвела кучето на редовен преглед кај ветеринар. Подоцна ја повикале од клиниката за да ја известат дека кучето мора на операција бидејќи му откриле тумор. Но она за што ветеринарите мислеле дека е тумор, всушност биле 17 парчиња облека. Кучето било успешно оперирано и лекарите велат дека целосно ќе се опорави.
Сопствениците велат дека не им се верува и сфатиле каде биле сите парчиња облека кои им недостасуваат. Ракавиците од синот ги снемало пред две години. Ветеринарот, пак, вели дека извршил многу различни операции, но дека оваа му е најнеобична во кариерата.