Таеквон-до мајсторот Ацо Јосифоски од ТК „Хваринг Фист“ од Охрид, го освои првото место на Европскиот шампионат во борби до 71 килограм, што од 25 до 30 мај се одржа во Умаг, Хрватска.
По втор пат во нашата спортска историја, таеквон-до мајсторот трети дан, Јосифоски, гордо стоеше на победничкиот пиедестал додека се свиреше македонската химна. Првиот пат тоа беше во 1996 год во Прага,Р.Чешка кога го освои 1-то место на светското првенство во семи контакт. Покрај титулата, Јосифоски го освои и 3-то место во форми(борба со замислен противник).
На шампионатот учествуваа 21 репрезентација, со околу 170 натптеварувачи, и уште 145 натпреварувачи на Европскиот куп за обоени појаси, на кој членовите на македонската екипа постигнаа значителни резултати:
Ружди Шемо –сениори,форми до 1куп – 3-то место
Саше Ангелоски –јуниори,форми до 6куп – 1-во место, јуниори борби до 5 куп,тешка категорија 1-во место
Емилија Симоноска – кадетки,форми до 1 куп – 1-во место,Кадетки,борби 1 куп до 50 кг.- 2-ро место
Емилија Петреска – кадетки,форми до 1 куп – 2-ро место, кадетки,борби 1 куп до 50 кг, – 3-то место
Ана Марија Трајческа – јуниорки,форми до 1 куп – 2-ро место, јуниорки,борби 1 куп до 65 кг – 3-то место
Слаѓана Јовческа – јуниорки,форми до 5 куп -3-то место
Уште еден голем успех на таеквон-до клубот „Хваринг Фист“
И покрај незавидната состојба во која се наоѓа спортот во земјата нашите натпреварувачи го креваат македонското знаме на сите позначајни таеквон-до натпреварувања.И покрај светската и европската титула и 18-годишното претставување на Македонија на сите големи натпревари, шампионот Јосифоски не може да оствари право на спортски додаток од државата.