Македонската параолимпијка, Оливера Наковска-Бикова, го освои златниот медал,  во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, а постави и нов Параолимписки рекорд.


Наковска-Бикова заврши на првото место со вкупен резултат од 475,7 круга, што претставува параолимписки рекорд.

На второто и третото место се Русинката Марина Клименченко и Сара Јаванмардидомани од Иран.

Претходно во квалификациите Наковска-Бикова постави  нов светски рекорд . Наковска-Бикова, во квалификациите погоди 381 круг, што е за цели девет кругови подобро остварување од нејзиниот најдобар резултат.