Се работи за Високонапонски трополен раставувач РЕМ 12-36 кв со електромоторен погон за вклучување и исклучување. За разлика од досегашното искуство кога овој апарат се манипулираше само рачно, со оваа иновација имаме можност за далечинско вклучување и исклучување на апаратот, информираат од ЕМО.
На овој проблем работеше Одделението за развој во фабриката за Разделувачи и Столбни и портални трафостаници при ЕМО ОХРИД. Покрај златниот медал инженерите Зоран Тодороски и Драган Славкоски кои работеа на овој нов производ добија и по еден златник.
И во услови на економска криза ЕМО ОХРИД и понатаму работи уште на неколку нови производи кои на пазарот треба да се појават во 2010 година, велат од ЕМО Охрид.