Охридскиот огранок на Академија Пандев го освои најсветлото одличје на турнирот во Струга организиран од Караорман триумфирајќи во 2002 генерација.
Во борбата за златниот медал „сините“ во финалето го совладаа тимот на Гостивар со минимални 1-0. Претходно во полуфиналето охриѓани со 5-0 ја „преслушаа“ екипата на Јанг Бојс.
За да биде се во знакот на Академија Пандев во 2002 година се погрижи Ерен Парталко, кој се закити со наградата најдобар стрелец постигнувајќи седум погодоци.
Академија Пандев на турнирот во Струга настапи со уште три генерации 2004, 2005, 2007, но без успех како нивните повозрасни соиграчи.
Ohridnews