Еден златен олимписки медал кој го освоил легендарниот американски атлетичар Џеси Овенс на Олимписките игри во Берлин 1936 година бил продаден за рекордна сума од 1,4 милиони долари на една онлајн аукција. Акционерската куќа соопштила дека анонимен понудувач платил повеќе од 1,4 милиони долари, што е најголема сума за еден олимписки медал.

Овенс во Берлин освоил златни медали на 100 и 200 метри, штафета 400 метри и скок во далечина. На Игрите присуствувал и Адолф Хитлер кој сакал натпреварувањето да го искористи да би ја докажал супериорноста на ариевската раса. Аукциската куќа соопштила дека не може да сеутврди точно за кој медал станувало збор. Исто така било наведено дека Овенс тој медал  го дал на својот пријател, танчерот и филска ѕвезда Бил Робинсон во знак на благодарност што му помогнал по враќањето од Берлин да се вработи во забавната индустрија.