Охридската атлетичарка Мартина Мироска имаше повеќе од успешен настап на меѓународниот митинг кој се одржа во Белград.


Охриѓанката освои златен медал во категоријата скок во далечина со резултат 5.80, а за добрата форма Мироска доби и посебно признание на белградскиот митинг.


Првото место и признанието ја зацврстија Мироска на првата позиција за кандидат за Олимписките игри во Рио кои се на програмата летово.

OhridNews