Пет медали освоија македонските атлетичари на меѓународниот митинг кој се одржа во Тирана. На митингот „Марио Песканте“ учествувале повеќе од 100 натпреварувачи од Албанија, Македонија, Романија, Италија, Косово.


Македонија на овој митинг ја претставуваа осум атлетичари кои освоија пет медали.

Мартина Мироска се закити со златниот медал во дисциплина скок во далечина (5.48 метри), таа настапи и во дисциплината 100 метри и со најдобро лично време (12.87 секунди) го освои четвртото место.

Златен медал освои и Фросина Ристеска во дисциплината 400 метри со резултат 60.37 секунди, таа триумфираше пред Сермедие Љатифова.

Во машка конкуренција во оваа дисциплина Славе Коевски со резултат 50.63 секунди, го освои второто место.

Дрита Ислами во дисциплината 200 метри го освои третото место со резултат 26.84, додека Валбона Селими на трката на 100 метри забележа резултат од 13.01 секунди.

Славчо Мирчевски во дисциплината скок во далечина остана без пласман бидејќи имаше три неисправни скока.

Ohridnews