Значајни резултатите постигнаа каратистките од карате клубот „Кун-су-то” Охрид на Меѓународниот карате турнир „Скопје гран при 2024″ кој се одржа во Скопје.
На турнирот Анастасија Смилевска освои прво место во категорија борби кадетки +54 килограми и се закити со златен медал.
Сара Цикуш освои второ место во категорија борби јуниорки +59 килограми и го освои среберениот медал.
OhridNews