Охридските стрелци се закитија со златен и бронзен медал на меѓународниот турнир во Врање, Србија, кој се одржа по повод ослободување на градот.
Балабан во силна конкуренција со 392 кругови (се пукаше на цели кругови) стигна до најсветлото одличје додека охридската надеж во стрелаштвото Мартин Гоџоски се врати со бронзен медал.
Со овие резултатите охридскиот стрелачки клуб потврди дека е меѓу најуспешните во градот.
Мх.П.