На 21 април на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, се одржаа Државното првенство во скокачки дисциплини, штафетни трки и 10 000 метри на кои Атлетскиот клуб Охрид настапи во трите освојувајќи еден златен медал и едно бронзено одличје.

Златниот медал и припадна на Мартина Мироска која триумфираше во скок во далечина, додека бронзеното одличје беше заслуга на штафетната трка (100, 200, 300, 400 метри) во состав Мартина Мироска, Искра Маџоска, Стефанија Ристеска и Марија Јованоска.

На трката на 10 000 м. настапи Дејан Ангелоски со пласман на 7 мо место и личен рекорд од 38мин и 03сек. Наредниот настап на охридските атлетичари е слединот викенд на домашен терен на Атлетскиот меморијален митин „Влатко Димитров“, кој и официјално ќе означи почеток на новата сезона.

OhridNews