И на 82. награди Златен глобус, кои ја наградуваат телевизиската и филмската извонредност, „Бруталист“ беше прогласен за најдобра филмска драма во 2024 година, „Емилија Перез“ за најдобар филмски мјузикл, а меѓу најдобрите актери се Фернанда Торес, Деми Мур, Адриен Броди и други.
Адриен Броди доби Златен глобус за улогата во „Бруталист“, а Деми Мур (62) ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во „Супстанција“, приказна за актерка која ја бара фонтаната на младоста.
Наградата за најдобра актерка во филмска драма и припадна на Фернанда Торес за улогата во филмот „I’m Still Here“, додека наградата најдобар актер во комедија или мјузикл му припадна на Себастијан Стен од филмот „A Different Man“. Наградата за најдобра споредна машка улога замина во рацете на Киеран Калкин за филмот „Вистинска болка“, а за најдобра споредна актерка е прогласена Зое Салдања за улогата во мјузиклот „Емилија Перез“.
Режисерот на филмот „Бруталист“ Брејди Корбет, беше награден со Златен глобус за најдобра режија, додека најдобар анимиран филм е „Ток“, најдобар неанглиски филм е Емилија Перез, а најдобро сценарио е на Питер Штроган за филмот „Конклава“.
За најдобро остварување во категоријата „кино и бокс офис“, Златен глобус доби мјузиклот „Wicked“, за најдобра ТВ серија прогласена е серијата „Шогун“, за најдобра хумористична/музичка серија „Хакови“, а меѓу наградените беа актерите Колин Фарел, Џоди Фостер и други.
Добитниците на Златните глобуси ги избираат 334 новинари од 85 земји.
OhridNews