„Зипо“ ја произведе 500 милионитата запалка, соопштиле од семејната компанија од Бредфорд, град 200 километри североисточно од Питсбург. Компанијата го планирала производството на јубилејната запалка, како би се поклопило со роденденот на нејзиниот основач Џорџ Блејџел.

На месингена облога, украсена и хромирана, изгравирани биле датумот и времето кога било завршено производството, вчера во 10 часот и 51 минута. Сите 620 вработени јубилејната запалка ја пренеле од рака во рака и му ја предале да претседателот на компанијата, Бред Бут. Внукот на основачот на компанијата, Џорџ Дјук, ја запалил запалката и така го означил почетокот на прославата. „Зипо“ е основана во 1932 година, а Блејџел починал во 1978.