Најтрофејниот клуб во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид ја потврди нова соработка со францускиот стручњак Зинедин Зидан. Клубот со официјално соопштение се прости од Сантијаго Солари и го назначи Зидан за старо-нов тренер на екипата.
- Одборот на директори денеска одлучи да го раскине договорот со Солари и да го назначи Зидан за нов тренер. Реал Мадрид како клуб ја цени работата на Солари и неговиот труд. Кормилото го презема Зидан. – стои во соопштението од кралскиот клуб.
Францускиот стручњак потпиша договор до крајот на 2021/22 сезоната. Во првиот мандат популарниот Зизу освои три последователни титули во ЛШ и стана првиот тренер со таков успех.
OhridNews