Зимското капење во месноста Сараиште за празникот Собор на Св. Јован Крстител, од година во година добива на масовност.


Некогашниот ритуал со кој рибарите го означувале крајот на „татиљот“, последните неколку години поприми нов шмек и благодарение на добрата организација на здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“, прераснува во нова туристичка атракција.


Зимското капење на Сараиште, заедно со одбележувањето на Водици треба да бидат силен адут на Охрид на светскиот туристички пазар. Сепак за да се валоризира охридската Богојавленска приказна мора да му се продаде на светот. Би било вистинска штета тоа да не се случи.


И евроамбасадорот Фуере смета дека зимското капење
може да прерасне во светска туристичка атракција

Горан Момироски
фото: Васко Бујароски