Во месноста Сараиште на празникот Св. Јован се одржа традиционалната манифестација Ден на рибарите. Голем број граѓани уживаа во убавата атмосфера со староградска музика, грена ракија, рибна чорба и пача. Традиционално фаќачот на крстот Петар Рупески со неговата тајфа на кои им се придружија бројни граѓани и членови на навивачката група Рибари се искапија во студените води на Охридското Езеро.
OhridNews