Во месноста Сараиште денеска на традиционален начин охриѓани ќе го одбележат верскиот празник Собор на  Свети Јован Крстител. Некогаш со зимското капење се означуваше  крајот на забраната за риболов на пастрмката позната како „татиљот“, а сега се означува почетокот на ловот за вештачкиот мрест на пастрмката.


На зимско капење денеска ќе дојдат сите досегашни фаќачи на крстот за Водици, кои ќе ги предводи Митко Топејнчаров, кој вчера по четврти пат доплива до крстот.


И годинава ветераните од Водици, но и другите гости кои ќе се капат во студените езерски води ќе се натпреваруваат за столитарското буре со вино кое ќе го добие најбрзиот пливач.

Г.М.

Видео: Митко Топејнчаров по четврти пат го фати чесниот крст