Стотина лица учествуваа на традиционалното зимско капење во водите на Охридското Езеро, што се одржува во месноста Сараиште. Во студените езерски води скокнаа многу досегашни фаќачи на чесниот крст, ветерани на Водици, но и познати личности, политичари, туристи.

На овој ден охриѓани се капат за здравје и бериќет, со што ја продолжуваат некогашната традиција на рибарите.

Според најавите на организаторот, здружението на граѓани „Богојавление“, следната година оваа манифестација ќе конкурира за Гинис, за што подготовките ќе запонат веќе од овие денови.


Зимско капење за здравје и бериќет

Ohridnews