Температурите под нулата не ги поколеба ракометари на Охрид на отворено да ги започнат зимските подготовки за пролетниот дел од Супер лигата.
На „гладијаторите“ им се приклучија новото голманско засилување Благојче Траковски и Мите Караиванов кој потполно се рехабилитираше од повредата на коленото.
Охридските ракометари ќе работат со полна пареа, ќе имаат по два тренинзи дневно, а потоа ќе одиграат и контролни натпревари.
Мх.Постоловски