Грузискиот санкаш Нодар Кумаритшвили е првата жртва на Зимските олимписки игри. Санкашот во бесвесна состојба е пренесен во локалната болница откако при брзина од 100 км на час се удрил во заштитната ограда за време на тренингот во Вистлер. За жал немало спас и им подлегнал на повредите.
На грузиецот му била дадена брза лекарска помош, масажа на срцето и бил транспортиран со хеликоптер во блиската болница.
Санкашката патека во Ванкувер е една од најбрзите во светот, а некои олимпијпци и пред оваа несреќа во прашање ја довеле сигурноста бидејќи десетина од нив излетале за време на одржаните тренинзи.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com