На 28-ми декември Струга ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот Младински Шаховски Фестивал “Езерска Кралица 2024”. Младинската шаховска школа „Струга“ во соработка со шаховската школа „Ласкер“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал “Езерска Кралица 2024”.

На турнирот свое учество планирано е да земат деца од Струга и Охрид, но се очекуваат деца и од другите градови од Македонија. Турнирот е дел од традиционалниот турнир „Езерска Кралица“ кој оваа година слави 5 годишен јубилеј, информираат организаторите.

Посочуваат дека турнирот е поделен во 4-ри категорни групи: деца на возраст до 8 години, деца на возраст до 10 години, деца на возраст до 12 години и деца на возраст до 14 години. Ќе се игра Швајцарски систем од 6 кола со темпо на игра 10+5.

Планирано е момчињата и девојчињата да играат во исти групи, но наградите за освоени места да се даваат пооделно. Пријавување за турнирот е до 26.12 (четврток) на емаил адресата kgjoko@yahoo,com.

Ги покануваме сите младинци од Македонија претставници на шаховските клубови да земат учество на овој настан, а вооедно ги покануваме сите љубители на шаховската игра да го посетат настанот. Со овој турнир практично ги завршуваме турнирите на „Езерска Кралица“ за оваа година, додаваат организаторите.

Турнирот ќе се одржи на 28.12.2024 (сабота) со почеток во 10:00 час во хотелот Дрим во Струга.

OhridNews