Градот под Самоиловите тврдини и оваа зима ќе биде домаќин на фудбалски екипи од Македонија и странство кои ќе се подготвуваат за пролетната полусезона од националните шампионати.


Прв во Охрид на 23 јануари ќе пристигне тимот на Младост од Лучани, а други српски екипи на подготовки ќе дојдат Јавор Ивањица, Спартак Суботица, Борац Чачак и Радник Сурдулица.


Од македонските екипи Охрид го одбраа Ренова, Металург, Младост Царев Двор и Тетекс, а се очекува уште неколку тимови да играат само мечеви на стадионот во градот.


И временската прогноза за наредниот период оди во прилог на Охрид кој го очекува богата зимска фудбалска сезона.

Распоред на мечеви: 

20.01 Младост Ц.Д. – Шкендија

25.01 Младост Ц.Д – Младост Лучани

28.01 Радник Сурдулица – Младост Лучани

02.02 Радник Сурдулица – Борац Чачак

03.02 Јавор – Спартак Суботица, Младост Лучани – Шкупи

04.02 Металург – Ренова

05.02 Младост Ц.Д. – Борац

06.02 Радник Сурдулица – Спартак Суботица, Јавор – Младост Лучани

07.02 Ренова – Јавор

08.02 Тетекс – Спартак Суботица

09.02 Јавор – Борац Чачак

10.02 Младост Ц.Д. – Спартак Суботица, Ренова – Младост 15ч.

11.02 Младост Лучани – Спартак Суботица

12.02 Младост Ц.Д. – Спартак Суботица

13.02 Тетекс – Борац Чачак 

Мх.Постоловски