Комплекс Минами – инфо и резервации на тел. 076 900 007

Новите врнежи од снег дополнително го разубавија уникатниот амбиент создаден на 1100 метри надморска височина, кој и оваа година наликува на разгледница од најатрактивните зимски дестинации во Комплексот Минами во Горно Коњско.

Патот е чист и прооден за сите типови на возила. Имаме 15см стар снег и 30 см нов снег. Тука е како бајка како за најмалите така и за возрасните, информираат од Комплекс Минами.

Опкружен со природни убавини и незаборавен поглед на Охридското Езеро, Kомплексот „Минами“ нуди уникатно уживање, вкусна традиционална храна и врвна услуга.

Почувствувајте ја мартовската зимска магија во комплекс Минами.

OhridNews