Најголемиот туристички центар во земјава нема дежурна аптека. Така е и во зима и во лето кога во Охрид бројот на жители се удвојува.

Ние како туристички град имаме проблем во здравството. Во летниот период аптеките во вечерните часови беа затворени и немавме ниту дежурни аптеки, ниту дежурни лекари на што треба да работиме, вели градоначалникот Александар Петрески.

Тој смета дека Охрид треба да има ургентен центар, но и нов здравствен дом, бидејќи сегашниот не одговара на потребите на градот.

Мислам дека болничкиот комплекс е најсоодветен за изградба за нов здравствен дом, бидејќи постоечкиот не личи на ништо. Тоа е потребно и за граѓаните на Охрид и за туристите, додаде Петрески.

Ohridnews