Централната банка на Зимбабве ќе пушти во промет банкнота од 100 милијарди зимбабвешки долари, во очајнички обид да се справи со хиперинфлацијата со која е погодена нивната економија.
Зимбабве пати од хроничен недостаток на месо, брашно, гориво и други животни потреби, поради колапсот на некогаш напредното општество, за што критичарите ги критикуваат потезите на претседателот Роберт Мугабе, меѓу останатото и насилното одземање на фармите кои биле во сопственост на белци.
Гувернерот на централната банка Гидеон Гоно во саботата објавил дека инфлацијата поминала 2,2 милиони проценти, иако некои економисти мислат дека е поголема.
Тој изјавил дека ќе воведе банкнота од 100 милијарди долари, за на граѓаните кои мораат да носат големи количини на пари им обезбеди полесни трансакции.
Централната банка печатела големи количини на пари како би го одржала чекорот со растечките цени. Најголемиот апоен досега бил 50 милијарди долари.
Новата банкнота на жителите на Зимбабве ќе им биде доволна за две карти во градски автобус или за два леба.