Времето утрово е студено со врнежи од снег на места. До крајот на денот ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 5 степени.

Во вторник, утрото ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до -4, а максималната дневна ќе достигне 8 степени.

Г.М.