Иако зимата календарски сеуште е далеку, утрово Охрид осамна во вистински зимски амбиент. Невообичаено за овој период од годината првите снегулки накратко ги развеселија децата. Иако снегот не беше со силен интензитет, сепак придонесе овој ноемвриски ден да наликува на вистински зимски ден. И температурата соодветна  на амбиентот. Во 13 часот во Охрид живата во термометарот се спушти на 1 степен Целзиусов. За разлика од Охрид снег има на повискоите места во Западна Македонија, како и на планинските превои.


Зима во ноември

Ohridnews