Иако пролетта е блиску зимата не се дава. Снегот кој во текот на ноќта и утрото паѓаше во Охрид формираше покривка од неколку сантиметри. Поради викендот голем број граѓани останаа дома па по улиците нема голем сообраќај. Слично време со врнежи од снег не очекува и утре, што ќе придонесе за намалување на температурата, особено на минималната, која во понеделник се очекува на места да се спушти до -10 степени Целзиусови.
Зимата не се дава
врнежи и студеното време според надлежните ќе придонесе за
стабилизирање на водостојот на Охридското Езеро и реките во
охридско-струшкиот регион.
–
Немаме пораст на нивото на Охридското Езеро кое веќе неколку дена се
наоѓа на 693,99 метри надморска височина(+24 цм. над макс.кота).
Временската прогноза за деновите што следи може да ја оцениме како
поволна затоа што следи заладување и врнежи од снег, така што очекуваме
од следната недела можеби да почне и да се намалува водостојот на
Охридското Езеро, изјави Мтодија Томевски, директор на Управата за водостопанство.
Координативното тело за зправување со поплави информираа дека
ипуштањето на водата од Охридското Езеро се врши со интензитет од 60
метри кубни во секунда. Патниот правец Струга – Дебар, кај месноста
Луково е прооден, а екипи на Дирекцијата за заштита и спасување
дополнително ќе извршат уредување на коритото на реката Дрим за да може
да прими повеќе вода во случај на обилни врнежи.
фото: Васко Бујароски