Нов студен бран со врнежи од снег ќе ја зафати Македонија во наредните денови, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Веќе од утре доаѓа нов снежен бран, а врнежите ќе се поинтензивни во четврток. Минималната температура ќе се движи од -5 до 0, а дневната помеѓу 2 и 4 степени Целзиусови.
Врнежливото и студено време ќе се задржи и во текот на наредната недела, а благо покачување на температурите се очекува дури кон крајот на месецов.