Топлото и пријатно време ќе се задржи само уште овој викенд. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи од понеделник Македонија ќе биде под влијание на студена воздушна маса од север која ќе предизвика пад на температурите за десет степени.

Според најавите времето наредната недела ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а во среда на повисоките места ќе има услови за снег, што ќе предизвика опаѓање на утринските температури.

Ohridnews