Со поделба на бодовите заврши „Ел Класико“ средбата помеѓу Барселона и Реал Мадрид која се одигра синоќа на Ноу Камп стадионот. Стратегот на „кралевите“, Зинедин Зидан им честитал на фудбалерите после натпреварот за играта и за ангажираноста во дербито со Барселона. Тој за шпанските медиуми изјави дека жали за победата, бидејќи играчите ја заслужиле во целост.
- Ова беше сериозен натпревар, се играше добар фудбал. Недостигнаа само голови. Имавме шанси, но фудбалот е посебна приказна. Кога ќе ви се укаже шанса морате да ја искористите, особено тоа важи за вакви натпревари. Ние не ги користевме шансите. Задоволен сум како игравме, им честитам на играчите. Но ми е жал за нив заслужија повеќе. Требаше да победиме. – изјави Зидан.
Тој не сакаше да ги коментира спорните ситуации после кои фудбалерите на Реал Мадрид бараа пенали.
- Ни судијата, ни ВАР не покажаа дека имаше пенал, така да нема што да коментирам. Натпреварот заврши. Не можам да се жалам. – дополни Зидан.
Инаку ова беше првото „Ел Класико“ без голови по 2002 година.
OhridNews