Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше пресреќен после триумфот над Виљареал со кој неговите избраници ја осигураа титулата во Ла лига. „Кралевите“ од тронот ја симнаа Барселона која три сезони во серија ја освојуваше титулата.
Екипата е фантастична а тимскиот дух е неверојатен. Физички многу добро се подготвивме во текот на паузата во првенство што ни овозможи контрола на сите мечеви. Пресреќен сум поради овој трофеј и чувствувам емоции кои не се опишуваат со зборови. Можам слободно да кажам дека титулата во Шпанија ми е подрага од трите во Лигата на Шампиони. – изјави Зидан.
Францускиот стручњак во својата богата ризница на трофеи го додаде и пехарот од Примера. Единствен кој му недостига е титулата од Купот на Шпанија.
OhridNews