В среда со почеток во 20 часот на Ноу Камп ќе се одигра „Ел Класико“ дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Дерби пресметката еднаш беше одложена поради немирите во Каталонија, но сега ќе се одигра и градот ќе биде под посебен режим пред, за време и после натпреварот. Полицијата во Барселона одлучи двете екипи заедно да одат на стадионот за да се избегне метеж и не сакани случки и последици.

Исходот од дербито може да го одлучи есенскиот првак во шпанската Ла лига. Двете екипи влегуваат со ист број на бодови, а мала предност има Барселона поради домашниот терен.

Играме добро веќе некое време и подготвени сме за дербито со Барселона. Правила се правила. Ќе одиме на стадион како што ќе ни кажат. Ние сме фокусирани само на натпреварот, бидејќи околу другите работи не можиме да влијаеме. Ќе мора да дадеме се од себе, но не заборавајте дека се играат и други натпревари и сезоната не почнува и не завршува со Ел Класико. Барселона го има Меси, а ние имаме други позитивни страни што имав прилика да ги забележат изминатиов период. – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Барселона и Реал Мадрид со нерешени средби викендов го најавија најголемото дерби во светскиот фудбал. Каталонците ремизираа со Реал Сосиедад, додека „кралевите“ ги поделија бодовите со Валенсија на Местаља стадионот.

OhridNews