Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл дефинитивно нема иднина на Сантијаго Бернабеу откако стратегот на „кралевите“ Зинедин Зидан му даде до знаење дека тој не е во неговите планови за сезоната која доаѓа. Францускиот стручњак изјави дека клубот очекува понуда за продавање на Бејл, кој во Мадрид се пресели од Тотенхем во трансфер над 100 милиони евра.
Се надевам дека брзо ќе замине. Тоа би било најдобро за сите. Клубот работи на негова продажба. Лично немам ништо против него, но некогаш доаѓаат моменти кога треба да се донесе одлука и да се спроведе на дело. Мора да се менуваме. Одлуката за трансфер е моја, но и негова со оглед дека ја знае ситуацијата. – изјави Зидан.
Бејл учествуваше во освојувањето на три од последните четири титули на Реал Мадрид во Лигата на Шампиони. Велшанецот во последното финале кое го играше со Реал Мадрид против Ливерпул даде гол со „макази“ кој на крајот го реши победникот и освојувачот на титулата.
Како опција за Бејл се споменува Баерн Минхен, кој е подготвен да ја изедначи платата на Велшанецот која ја прими во Мадрид, но оштетата да биде помала.
OhridNews