Францускиот стручњак Зинедин Зидан во најскоро време најави враќање во фудбалот. Популарниот Зизу без ангажман е после заминувањето од Реал Мадрид со кој успеа да освои три последователни титули во Лигата на Шампиони.
- Не можам без фудбалот и знам дека ќе се вратам. Целиот живот го поминав во фудбалот и морам да признам тешко ми оди без него. – најави Зидан.
Англиските медиуми не чекаа долго време и неговата најава за враќање ја поврзаа со Манчестер Јунајтед и местото на Жозе Мурињо. Предводникот и „црвените ѓаволи“ немаат блескав почеток на новата сезона откако претрпеа два порази во четирите воведни натпревари.
Времето ќе покаже дали најавениот кам бек на Зидан ќе се поклопи со отказ на Мурињо или Португалецот ќе ја истурка оваа сезона и после ќе му го предаде местото на францускиот стручњак.
OhridNews